Украина и Шведска го комплетираа списокот учеснички на ЕУРО 2016

Од:

Репрезентациите на Украина и на Шведска го комплетираа списокот на учеснички на претстојното ЕУРО 2016 година што ќе се одржи во Франција.

Синоќа на последните два реванш бараж дуели Украина одигра нерешено со Словенија во Љубљана 1:1, додека Данска и Шведска во Копенхаген натпреварот го завршија 2:2.

Словенија поведе со голот на Боштјан Цесар во 11.минута, а изедначи Андреј Јармоленко во 90+7.минута за вкупни 3:1 за Укарина и нејзин пласман на Европското првенство.

Шведска со головите на Златан Ибрахимовиќ (19 и 76.минута) поведе со 2:0 на гости кај Данска, која до крајот на дуелот успеа само да изедначи преку Јусуф Полсен (82.минута) и Јаник Вестергард (90+1.минута).

Вкупниот резултат е 4:3 за Шведска, која го избори своето шесто учество на ЕП.

Претходно преку бараж пласман на ЕУРО обезбедија Унгарија и Република Ирска.

Би можело да ве интересира

Валс: Спречивме терористички напад пред почетокот на ЕУРО 2016

Поразот на „триколорите“ го следеа рекордни 20,83 Французи пред своите екрани

Емир Латифовиќ

ЕУРО 2016: Педесет лица уапсени во Париз

Емир Латифовиќ

Немири пред навивачка зона во Париз, полицијата употреби солзавец

Емир Латифовиќ

Роналдо: Ми се оствари сонот, верував во соиграчите

Емир Латифовиќ

Едер: Роналдо ми кажа дека ќе постигнам гол

Емир Латифовиќ