УЕФА во одбрана на одлуката за финалето во Баку

Од:

Првиот човек на УЕФА Александар Чеферин застана во одбрана на одлуката на федерацијата – финалето на Лига Европа да се игра во Баку, Азербејџан, која наиде на критики на Англичаните.

– Англичаните секогаш се жалат, секогаш се незадоволни поради нешто. Така не си помагаат себе си. Зошто игравме во Баку? Па, и таму живеат луѓе, знаете, хомосапиенси. Тие не се бунеа поради тоа што натпреварот почна во 23 часот според нивното време, изјави Чеферин.

Тој даде дека одлуката е донесена пред година и пол и запраша, дали во Англија можеби постои само еден стадион кој е помодерен од тој во Баку.

– Ние мораме да го развиеме фудбалот секаде, не само во Германија и Англија. Што би се случило доколку на финалето би играле Шахтјор и Зенит? Тие би дошле на финалето во Лондон, да речеме, и не би се бунеле, рече претседателот на УЕФА.

Инаку, за трофејот на финалето на второто по значење европско клупско натпреварување, играа Арсенал и Челзи, а стадионот во главниот град на Азербејџан, не беше исполнет до последното место, па поради тоа беа упатени критики од англиските навивачи на адреса на УЕФА за погрешен избор на местото за финалето на Лига Европа.

Би можело да ве интересира

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

УЕФА строго го казни ФСС поради натпреварите со Швајцарија и Данска

Горан Наумовски

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

УЕФА инвестира една милијарда евра за развој на женскиот фудбал во Европа

УЕФА ја казни Барселона поради финансиска измама

УЕФА: Стадионот „Сан Сиро“ нема да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2027 година