УЕФА соопшти: Европскиот Суперкуп 2017 ќе се игра на „Филип Втори“

Од:

Фудбалската федерација на Македонија ја доби довербата од УЕФА за организација на ексклузивниот дуел меѓу победниците на Лигата на Шампионите и Лигата на Европа за сезоната 2016/17 година.

Одлуката ја донесе Извршниот комитет на Европската фудбалска унија на состанок во Прага, а на прес конференција денеска ја соопшти Џани Инфантино, Генерален секретар на УЕФА.

Скопје во август 2017 година ќе биде домаќин на двете најдобри екипи на европска почва што претставува огромно признание за македонскиот фудбал и Фудбалската федерација на Македонија кои добиваат историска организација на врвен европски фудбалски настан.

УЕФА во Фудбалската федерација на Македонија  добива партнер кој посветено ќе работи на успешна организација нанајголемиот фудбалски и спортски настан што Македонија воопшто ќе го организира.

Натпреварувањето под капата на УЕФА започна да се организира во 1973 година. Милан е најуспешниот тим со освоени пет титули. Во август годинава, Барселона и Севилја ќе се борат за трофејот во Тбилиси, Грусија. Откако УЕФА реши Суперкупот да го да не се игра само во Монако, се одржуваше и во Кардиф (2014 година) и Прага (2013 година).

Би можело да ве интересира

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

УЕФА строго го казни ФСС поради натпреварите со Швајцарија и Данска

Горан Наумовски

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

УЕФА инвестира една милијарда евра за развој на женскиот фудбал во Европа

УЕФА ја казни Барселона поради финансиска измама

УЕФА: Стадионот „Сан Сиро“ нема да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2027 година