Европската фудбалска унија (УЕФА) ќе профитира рекордни 830 милиони евра од Европското првенство во Франција, објави денеска генералниот секретар Теодор Теодоридис.
Вкупните приходи на УЕФА од ТВ права, продажба на влезници и друго изнесуваат 1,93 милијарди евра, но од таа сума се одбива за награди за репрезентациите, за клубови, организатори на шампионатот и други трошоци.
– Бројките се позитивни, направивме голем успех, изјави Теодоридис на прес конференција.
Тоа е за 34 отсто поголема заработка отколку на минатото првенство во Полска и Украина каде цифрата беше 593,7 милиони евра.