УЕФА поведе постапка против aнглиската федерација поради инцидентите на „Вембли“

Од:

УЕФА соопшти вечерва дека официјално поведе постапка против Англиската фудбалска федерација (ФА), поради насилното однесување на нејзините навивачи за време на финалето на ЕУРО 2020 на лондонскиот стадион „Вембли“

– По завршувањето на истрагата што инспектор за етички и дисциплински прашања ја спроведе по повод  инцидентите за време на финалниот натпревар во кои учествуваа англиски навивачи, во и надвор од стадионот, поведовме постапка против ФА поради кршење на дисциплинските мерки, се наведува во соопштението на УЕФА.

Финалето на ЕУРО2020 во кое Италија на 11 јули во Лондон на пенали ја совлада Англија, го одбележаа голем број инциденти предизвикани од англиските навивачи.

Значителен број од нив успеаја да влезат на „Вембли“ без влезници, а во текот на целиот ден надвор од стадионот физички се пресметуваа со италијанските навивачи, фрлајќи кон нив камења и пиротехнички средства.

Би можело да ве интересира

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

УЕФА строго го казни ФСС поради натпреварите со Швајцарија и Данска

Горан Наумовски

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

УЕФА инвестира една милијарда евра за развој на женскиот фудбал во Европа

УЕФА ја казни Барселона поради финансиска измама

УЕФА: Стадионот „Сан Сиро“ нема да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2027 година