УЕФА казни четири клуба за кршење на правилата за финансиски фер-плеј

Од:

Европската фудбалска федерација (УЕФА) санкционираше четири клубови поради непочитување на правилата за финансиски фер-плеј.

Од УЕФА соопштија дека одлучиле да ги казнат албанскиот клуб Тирана, српскиот Војводина, казахстанскиот Иртиш и швајцарскиот Сион.

Тирана и Војводина ќе бидат казнети само финансиски – со 215 илјади евра, кои ќе им бидат одземени од заработените пари од нивното учество на европските турнири оваа сезона.

На Иртиш ќе му бидат одземени 440 илјади евра и ќе добие забрана за учествува на евротурнирите наредната сезона (важи за сезоната 2018/19, 2019/20 и 2020/21).

Сион ќе добие казна во износ од 235 илјади евра плус забрана за учество во Европа во следната сезона (важи за сезоната 2018/19 и 2019/20).

Би можело да ве интересира

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

УЕФА строго го казни ФСС поради натпреварите со Швајцарија и Данска

Горан Наумовски

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

УЕФА инвестира една милијарда евра за развој на женскиот фудбал во Европа

УЕФА ја казни Барселона поради финансиска измама

УЕФА: Стадионот „Сан Сиро“ нема да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2027 година