УЕФА го претстави логото за ЕУРО 2020

Од:

Европската фудбалска федерација (УЕФА) денеска го претстави логото за шампионатот што во 2020 година ќе се игра во 13 земји, а завршницата ќе биде на „Вембли“ во Лондон.

Логото покажува колоритни силуети на навивачи како стојат од двете страни на победничкиот трофеј врз зелен мост што ја претставува врската меѓу земјите домаќини.

Европското првенство 2020 ќе биде историско, бидејќи за прв пат ќе се одржува во 13 градови во различни земји и со тоа би се обележал 60-годишниот јубилејот на евро-шампионатите.

Натпреварите од ЕУРО 2020 ќе се играат во следниве земји: Азербејџан, Белгија, Данска, Германија, Унгарија, Република Ирска, Италија, Холандија, Романија, Русија, Шкотска, Шпанија и Англија.

Би можело да ве интересира

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

УЕФА строго го казни ФСС поради натпреварите со Швајцарија и Данска

Горан Наумовски

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

УЕФА инвестира една милијарда евра за развој на женскиот фудбал во Европа

УЕФА ја казни Барселона поради финансиска измама

УЕФА: Стадионот „Сан Сиро“ нема да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2027 година