По објавувањето на имињата на номинираните за составот на овогодинешниот тим на годината на УЕФА, Европската фудбалска унија го објави и најдобриот тим „на сите времиња“, во кои се вклучени фудбалери од нејзините избори од 2001 година, па досега.
Изборот се базира на тоа колку пати избраните играчи се нашле во најдобрите 11 за годината.
Голман: Икер Касиљас – 6 пати (2007-12 година)
Дефанзивци: Серхио Рамос – 5 пати (2008, 2012-17), Џерард Пике – 5 пати (2010-12, 2015-16), Карлес Пујол – 6 пати (2002, 2005-06, 2008-10) и Филип Лам – 5 пати (2006, 2008, 2012-14). Дани Алвеш исто бил пет пати избран, но има помалку номинации од Рамос и Лам.
Среден ред: Стивен Џерард – 3 пати (2005-07) (и 7 номинации, со што ги надминува Кака, Тони Крос, Роналдињо, Павел Недвед и Зинедин Зидан, кои се исто така биле избрани по три пати); Чави Ернандез – 5 пати (2008-12); Андрес Иниеста – 6 пати (2009-12, 2015-16)
Напаѓачи: Кристијано Роналдо – рекордни 12 пати (2004, 2007-17); Лионел Меси – 9 пати (2008-12, 2014-17) и Тиери Анри – 5 пати (2001-04, 2006).