УЕФА ги објави кандидатите за најдобар фудбалер на Европа

Од:

Европската фудбалска унија (УЕФА) денеска објави листа со 10 претенденти за најдобар играч во Европа минатата сезона.

Листата ја предводи Кристијано Роналдо кој со Португалија го освои трофејот на ЕУРО 2016, а со Реал Мадрид Лигата на шампионите.

Покрај Роналдо, на оваа листа се: Антоан Гризман (Атлетико Мадрид, Франција), Герет Бејл (Реал Мадрид, Велс), Џанлуиџи Буфон (Јувентус, Италија), Лионел Меси (Барселона, Аргентина), Тони Крос (Реал Мадрид, Германија) Мануел Нојер (Баерн Минхен, Германија), Томас Милер (Баерн Минхен, Германија), Пепе (Реал Мадрид, Португалија) и Луис Суарез (Барселона, Уругвај).

УЕФА оваа награда ја воспостави во 2011 година, кога победи Лионел Меси, кој беше лауреат и минатата година, а добитниците на оваа награда, беа и Андрес Иниеста (2012), Франк Рибери (2013) и Роналдо (2014).

Најдобриот фудбалер на Европа ќе биде прогласен на 5 август на свечена церемонија.

Би можело да ве интересира

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

УЕФА инвестира една милијарда евра за развој на женскиот фудбал во Европа

УЕФА ја казни Барселона поради финансиска измама

УЕФА: Стадионот „Сан Сиро“ нема да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2027 година

УЕФА го казни Партизан со 40.750 евра поради инциденти со навивачите на мечот против Лугано

УЕФА ги суспендираше Мората и Родри