УЕФА: Европското првенство се поместува за наредното лето

Од:

Европското фудбалско првенство што требаше да се одржи од 12 јуни до 12 јули, се поместува за наредната година. Ова е најважната одлука што беше донесена попладнево во седиштето на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) во Нион, со цел националните шампионати, кои се прекинати поради пандемијата на коронавирус, да може да завршат ова лето.

За натамошните чекори во врска со термините и форматот на Лигата на шампиони и Лига Европа, претседателот на УЕФА, Александар Чеферин порача дека ќе одлучуваат специјално ангажирани органи.

„Здравјето на навивачите, на стручните тимови и играчите мора да биде наш приоритет и во тој дух УЕФА донесе низа одлуки за натпреварувањата во националите лиги да се приведат кон крај на најбезбеден начин. Горд сум на моите колеги од остатокот на Европа. Важно е дека постои искрен дух за соработка и што сите ја препознаа потребата да се жртвуваат за најдобар резултат“, изјави Чеферин.

Би можело да ве интересира

УЕФА има намера ЕП да се игра во истите 12 града како што беше планирано

Ана Ололовска

Италија ќе предложи до УЕФА да се одложи ЕП 2020

Жрепката за фудбалското ЕП 2020 се чека и кај нас

Ана Ололовска

Телеграф: Шкотска може да ја замени Русија на Еуро 2020

Ана Ололовска

Квалификации за ЕП 2020: Англија и даде 5 гола на Црна Гора, Франција продолжи шампионски

Ана Ололовска

Франција и Англија со убедливи победи на стартот на квалификациите за ЕП 2020

Ана Ололовска