УЕФА до Хрватите: Уште еден прекин и сите одите дома!

Од:

Хрватските фудбалери во мечот против Чешка одигран во Сен-Етјен вечерва во второто коло од Групата Д на европското фудбалско првенство испуштија два гола предност и сигурен пласман во осминафиналето, играјќи 2-2 во мечот кој беше одбележан со испадот на хрватските фудбалски хулигани кои со фрлање факели на игралиштето испровоцираа прекин на мечот.

Во 86. минута хрватските навивачи со употреба на пиротехника предизвикаа прекин на мечот, кој беше привремени и по пет минути играта беше продолжена.

Во тоа продолжување беше досуден пенал за Чесите, откако Вида играше со рака во својот шеснаесетник. Најстрогата казна прецизно ја изведе Томаш Нецид.

Веднаш по мечот со Чешка, службените лица од УЕФА им ставиле до знаење на Хрватите: „Уште еден прекин и сите одите дома“!

Јасно е дека УЕФА нема многу разбирање за хулигански испади, така беше и со Русија, а сега „жолт картон“ доби и Хрватска. Против Хрватите веќе се води една постапка, откако еден навивач влезе на теренот да слави гол со фудбалерите на претходниот меч со Турција.

Би можело да ве интересира

Валс: Спречивме терористички напад пред почетокот на ЕУРО 2016

Поразот на „триколорите“ го следеа рекордни 20,83 Французи пред своите екрани

Емир Латифовиќ

ЕУРО 2016: Педесет лица уапсени во Париз

Емир Латифовиќ

Немири пред навивачка зона во Париз, полицијата употреби солзавец

Емир Латифовиќ

Роналдо: Ми се оствари сонот, верував во соиграчите

Емир Латифовиќ

Едер: Роналдо ми кажа дека ќе постигнам гол

Емир Латифовиќ