УЕФА бара Милан да биде исфрлен од европските турнири

Од:

Ревизорите во Органот за финансиско контролирање при УЕФА побарале вадење на Милан од европските клубски турнири поради нарушување на правата на финансискиот ферплеј, објави „Њујорк тајмс“.

Проблемите на Милан доаѓаат од продажбата на клубот пред една година од страна на поранешниот сопственик Силвио Берлускони на кинескиот бизнисмен Ли Јунхон, кој го купува клубот за 860 милиони долари.

Според ревизорите, на Ли му било потребно дополнително финансирање од американскиот бизнисмен Пол Сингер и мора да го врати заемот до октомври.

Покрај тоа, раководството на „росонерите“ потроши 270 милиони долари за нови играчи, што значително ги надминува приходите на клубот, а тоа е забрането од финансискиот правилник на УЕФА.

Ако клубот биде казнет, ​​решение кое се очекува во наредните две недели, тој може не само да биде изваден од турнирите во оваа сезона, но и да добие трансфер забрана, како и тешка казна.

Минатата сезона Милан заврши на седмото место во Серија А и има право да ја претставува Италија во Лигата на Европа.

Би можело да ве интересира

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

УЕФА инвестира една милијарда евра за развој на женскиот фудбал во Европа

УЕФА ја казни Барселона поради финансиска измама

УЕФА: Стадионот „Сан Сиро“ нема да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2027 година

УЕФА го казни Партизан со 40.750 евра поради инциденти со навивачите на мечот против Лугано

УЕФА ги суспендираше Мората и Родри