Непознати лица со автоматско оружје вчера го убија Насир Гаџиханов, заменик-министерот за спорт на Дагестан и поранешен македонски олимпиец Насир Гаџиханов во дагестанскиот главен град Махачкала.
Гаџиханов беше трикратен првак на Европа во борење и трет на Светското првенство во 1990 година, во категоријата борач до 74 килограми, освои сребрен медал.
Македонија ја претставуваше на Олимпијадата во Сиднеј каде што освои 7-мо место, а во Атина беше помошник-селектор на македонската репрезентација во борење во слободен стил.