Поранешниот талентиран фудбалер на Партизан Симон Вукчевиќ е уапсен на граничниот премин Гостун при редовна контрола.
Во понеделникот Вишото обвинителство во Ужице му одреди 30-дневен притвор за нелегално носење оружје и муниција.
Кај него бил пронајден неговиот пиштол, како и 126 куршуми.
Вукчевиќ кариерата ја започна во клубот Забјело од Подгорица, пред да се пресели во Партизан каде остави добар белег, настапуваше и за репрезентацијата на Србија и Црна Гора.
Потоа беше во Спортинг, Блекбурн, Карпати, Војводина, Левадијакос, Еоносис, Чавез и Будуќности од Подгорица.