Турновци оптимисти пред реваншот со Хајдук

Од:

По елиминацијата на Вардар, екипата на Хоризонт Турново останува нашиот единствен преставник на европската фудбалска сцена.

Хоризонт утре на арената „Филип Втори“ во Скопје, ќе го пречека сплитски Хајдук во реванш натпреварот од 2-то квалификациско коло за Лига Европа.

И покрај негативата од 1:2 по првиот натпревар одигран во Сплит, во таборот на Хоризонт позитивно и оптимистички расположени, дека клубот од Турново има капацитет да го мине фаворизираниот Хајдук.

Тренерот на Хоризонт, Али Ѓунеш верува во квалитетот на своите фудбелери и се надева дека неговиот клуб може да ја мине оваа рунда.

– Хајдук е квалитетна екипа која располага со млади и брзи играчи кои можат лесно да направат шанса пред нашиот гол. Иако многумина не сметаа за аутсајдери на натпреварот во Сплит, ние одигравме квалитетно. Имаме негатива од еден гол, затоа мора да напаѓаме и да постигнеме гол, со кој верувам дека имаме шанси за пласман во наредната фаза, изјави Ѓунеш на денешната прес-конференција.

Секретарот на клубот, Томислав Тимовски, предупреди дека на навивачката група на Хајдук, популарната „Торчида“ нема да и биде дозволено да влезат на арената „Филип Втори“, без разлика дали нивните членови поседуваат билети.

– Како што е познато, Хајдук има забрана од УЕФА на своите натпревари да има навивачи, особено на гостински терен. Постарите љубители на фудбалот знаат за каква навивачка група се работи и верувам дека, никој не би сакал тие да дојдат овде, да го расипат натпреварот и воедно да го уништат нашиот стадион. Хрватските граѓани нема да имаат проблем да влезат на стадионот, но на навивачката група „Торчида“ ќе и биде забранет влезот, изјави Тимовски.
Натпреварот помеѓу Хоризонт Турново и Хајдук се игра утре на националната арена „Филип Втори Македонски’’ со почеток во 17 часот и 45 минути.

Би можело да ве интересира

Норвешки клуб мораше да помине 220 метри со автобус до европскиот натпревар поради едно бизарно правило

ВИДЕО: Хаос на стадион – голманот на Бока се судри со навивачите

Предраг Петровиќ

Фергусон: Секако дека се плашам од тоа

Предраг Петровиќ

Нова катастрофа за Динамо: Ги „казни“ последнопласираниот Славен

Предраг Петровиќ

Платини предложи револуционерна промена во фудбалот: Бројот на играчи да се намали од 11 на 10

Предраг Петровиќ

„Не победивте поради вас, туку затоа што јас наместив

Предраг Петровиќ