Тухел останува селектор на Англија

Од:

Англискиот селектор Томас Тухел има целосна поддршка од Фудбалската федерација на Англија (ФА) и се очекува да ја предводи репрезентацијата на Европското првенство во 2028 година, и покрај елиминацијата во полуфиналето на Светското првенство, јавија денеска британските медиуми.

Англија синоќа беше поразена од Аргентина со 1:2, со што остана без првото пласирање во финалето на Мундијалот уште од 1966 година.

Тухел беше под критики поради измените откако неговиот тим го испушти водството од 1:0 во завршницата на натпреварот, но потврди дека има намера да остане на клупата на репрезентацијата.

„Продолжуваме понатаму согласно договорот до Европското првенство, кое ќе се одржи дома. Со нетрпение го очекувам тоа, иако сега е тешко да се размислува толку однапред. Многу големи фудбалски репрезентации испаднаа пред полуфиналето, така што и ова е успех. Знам дека никој сега не сака да го слушне тоа, ни јас не, зашто секогаш очекуваме најмногу од себе” – рече Тухел по мечот.

Тој во февруари го продолжи договорот на две години, откако во јануари 2025 ја презеде репрезентацијата.

Првобитната задача беше да го освои Светското првенство.

Би можело да ве интересира

Џо Кол: „Ќе го пратиме Меси на спиење, Англија ќе игра во финале“

А1он

Англичаните ограбени пред дуелот со Хрватска

А1он

На Кевин Киген му е дијагностициран рак

А1он

Синот на легендарен англиски фудбалер загина во сообраќајка со трактор

А1он

Филмската приказна за англиската хероина – oд операција на очите до „Златната ракавица“ на ЕП

А1он

Гвардиола вечерва пред интересен рекорд

Ана Ололовска