Италијанецот Валентино Роси е победник на трката за Големата награда на Каталонија во Мото ГП шампионатот.
Искусниот Италијанец водеше во најголем дел од трката, но на три круга пред крајот ја загуби првата позиција од Марк Маркез. Сепак, популарниот „Доктор’’ веќе во следниот круг успеа да го мине Шпанецот, и на крајот да заврши како победник.
Трката во Каталонија ја обележа и инцидентот на девет круга пред крајот кога Ијаноне во обид да го мине Лоренцо, оствари контакт, па двајцата ја завршија трката предвреме.
Во Генералниот поредок по седум трки, одново водечки е Маркез кој сега има 125 бодови, односно 10 повеќе од Хорхе Лоренцо, додека Роси за кого ова беше втора победа сезонава, е на 3.место со 22 поени помалку од лидерот Маркез.