Триумф на Ѓорческа во двојки на ВТА турнирот на Бол

Од:

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа заедно со Александрина Најденова од Бугарија остварија победа попладнево во мечот од првото коло на ВТА турнирот на Бол на Брач во Хрватска. Тие како трети носителки ја потврдија фаворитската улога и ги победина со 2-0 во сетови хрватските тенисерки Ана Бискиќ и Ани Мијацика.

Првиот сет Ѓорческа и Најденова го добија со 6:4 во гемови, а во вториот беа подобри со 6:1. Во следното коло ќе играат против српско-бугарската комбинација Ивана Јоровиќ и Елица Костова.

Ѓорческа и во второто коло во сингл утре ќе игра против Јоровиќ од Србија, која со 2-0 во сетови ја победи денеска седмата носителка Кристина Куцова од Словачка.

Би можело да ве интересира

Ѓорческа се пласираше во четвртфиналето на ИТФ фјучерсот во Истанбул

Наум Локоски

Ѓорческа поразена во второто коло во Подгорица

Наум Локоски

Јотовски напредуваше три места, Ѓорческа падна за две

Наум Локоски

Јотовски напредуваши три места, а Ѓорческа со нов пад за две места

Наум Локоски

Ѓорческа со пад од 16 места, Јотовски напредуваше три позиции

Наум Локоски

Победа за Јотовски во двојки, Ѓорческа предаде поради повреда

Наум Локоски