Македонско – романската комбинација Лина Ѓорческа и Кристина Дину триумфираа во игра на двојки на фјучрс турнирот во Сегед, Унгарија што се игра за награден фонд од 50.000 долари.
Ова за нашата тенисерка е втора титула во двојки во 2016 година (првата ја освои во Анталија), а успехот е поголем бидејќи освоени се повеќе поени во однос на ланскиот триумф на турнирот во Галаци во истиот период.
Првиот сет со 6:4 во гемови им припадна на Јустијана Јегиолка (Полска) и Гуадалупе Перез Рохас (Аргентина), додека во вториот беше 6:1 за Ѓорческа и Дину. Во решавачкиот сет беше 10:4 на поени. Мечот траеше 73 минути.
Ова е прва победа на Ѓорческа на турнир од оваа категорија, а по една недела пауза таа од 27 јуни е пријавена да игра на турнирот во Штутгарт.