Светскиот првак Германија синоќа забележа победа на гостувањето кај Шкотска со 3:2 и го задржа првото место во групата за квалификациите за ЕУРО 2016.
Шкотска во два наврати успеваше да го анулира водство на Германија, но по третото водство Германците ги освоија трите бодови.
Синоќа во рамките на квалификациите за ЕУРО се одиграа вкупно осум натпревари од 8.коло во три групи:
Д група: Шкотска – Германија 2:3, Полска – Гибралтар 8:1, Република Ирска – Грузија 1:0.Табела: Германија 19 бодови, Полска 17, Република Ирска 15, Шкотска 11, Грузија 6, Гибралтар 0.
Ф група: Северна Ирска – Унгарија 1:1, Романија – Грција 0:0, Финска – Фарски Острови 1:0.
Табела: Северна Ирска 17, Романија 16, Унгарија 13, Финска 10, Ф. Острови 6, Грција 3.
И група: Албанија – Португалија 0:1, Ерменија – Данска 0:0.
Табела: Португалија 15, Данска 12, Албанија 11, Ерменија 2, Србија 1.
Денеска се играат девет натпревари:
Ц група: Македонија – Шпанија, Белорусија – Луксембург, Словачка – Украина.
Е група: Англија – Швајцарија, Литванија – Сан Марино, Словенија – Естонија.
Г група: Лихтенштајн – Русија, Молдавија – Црна Гора, Шведска – Австрија.