Три дополнителни капацитети во СЦ „Јане Сандански“

Од:

Фудбалско игралиште, спа центар и медицински центар за спортска медицина, се трите дополнителни капацитети кои денеска беа пуштени во употреба во Спортскиот центар „Јане Сандански“.

Реконструираното фудбалско игралиште се наоѓа веднаш до Спортскиот центар ќе се користи за потребите на Фудбалскиот клуб Вардар и се простира на површина од 8.000м2. Извршена е комплетна реконструкција на дренажниот систем и тревнатата површина.

Спа центарот содржи внатрешен базен, руска сауна, инфра црвена сауна, Финска сауна, парна бања, турска бања Хамам, хидромасажа, топлотни кревети и соби за третмани и масажа.

Медицинскиот центар за спортска медицина ќе биде достапен за спортистите од спортските клубови и националните спортски репрезентации, а ќе биде и комерцијално достапен за сите граѓани кои имаат потребаод користење на овие услуги.

Би можело да ве интересира

Влаховиќ си заминува од Јувентус

А1он

Ѓоковиќ објави доказ: За сите експерти во спортски повреди

А1он

Синер го брани Новак од неговиот претседател

А1он

Бинаги: „Голем пад за Ѓоковиќ“

А1он

Почина Дражен Далипагиќ

А1он

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето