Французинот Алексис Пинтуро трет пат во низа е победник на трка во велеслалом од Светскиот куп.
Попладнево во австриски Хинтерштодер, Пинтуро двете трки ги заврши со вкупно време 2:43.88 минути.
Лидерот во оваа дисциплина и во генералниот пласман, домашниот скијач Марсел Хиршер заврши на втората позиција со 1.14 секунди заостанување зад победникот.
Место на победничкиот подиум избори и Хенрик Кристофер од Норвешка со време 2:45.14, доволно за третото место.
Пласман во велеслалом на три трки до крајот на сезоната: Хиршер 561 бода, Пинтуро 430, Кристоферсен 351,…
Генерален пласман во Светскиот куп: Хиршер 1.365 бода, Кристоферсен 1.082, Аксел Лунд Свиндал 916, Кјетил Јансурд 868, Пинтуро 860,…