Трансродна тинејџерка го освои првото место на женски натпревар во борење, и покрај тоа што некои од родителите на другите девојки се обидоа да ја спречат да настапи
Мек Бегс, (17) од Тексас, како дел од својата транзиција во момче, повеќе од една година прима стероиди. Таа вели дека сакала да се натпреварува со машки, но Универзитетот не дозволува борба против спротивниот пол, а таа е заведена како женско.
Нејзините противнички ги предадоа борбите, оти таа има „нечесна предност” бидејќи зема стероиди. Стероидите во борењето секако, не се дозволени, но лигата прави исклучок за оние учесници на кои им се препишани од лекар.
Џим Бодхуин, адвокат на еден од родителите кој ја тужи лигата, за „Дејли Меил“ вели дека „предноста никако на е чесна”, додавајќи дека Мек веќе досега и повредила неколку девојки.
Трансродничката смета дека тоа не е ништо друго освен омраза и нетрпеливост кон неа, а за тоа напиша и посебен статус на Фејсбук.
– Ние само сакаме да се бориме. Ми се лоши од болната и одвратна дискриминација, не од децата, туку од родителите и тренерот, напиша таа.