Трагедија на Дакар, две жртви

Од:

Релито Дакар и оваа го зема својот данок во крв, откако во трагичен инцидент на границата меѓу Перу и Чиле загинаа двајца, а седуммина се повредени. Трагедијата се случила синоќа при судир на такси и сервисно возило за поддршка на Дакар 2013.

Судирот се случил по петтата етапа, која се возеше од Аракипе во Перу до Арике во Чиле.

Организаторите на трката го потврдија бројот на жртвите и повредените, а соопштија дека во инцидентот учествувало и трето возило, исто така такси возило, кое во обидот да го избегне судирот пред себе, неколкупати се превртело. Двајцата загинати се возачот и патник од првото такси, додека повредените се префрлени во болницата во градот Такна во Перу.

Авион од тимот Антонов на перуанската полиција бил веднаш алармиран и искористен за транспорт на повредените за Лима, во координација на медицинскиот тим на релито. Перуанските власти започнаа истрага за да ги откријат причините за трагичниот инцидент – се вели во соопштението на Дакар 2013.

Би можело да ве интересира

Дакар 2022 година: Петерансел заостанува 23 часа од водечките по несреќата во првата етапа

Ана Ололовска

ВИДЕО: Претстојниот викенд започнува релито „Дакар“, првиот голем спортски настан во 2021

Ана Ололовска

Сајнц го освои „Дакар“ по трет пат, Американец влезе во историја кај мотоциклите

Ана Ололовска

Мотоциклист почина на релито „Дакар“

Ана Ололовска

Карлос Сајнц: Алонсо сака да учествува на рели Дакар

Ана Ололовска

Рели Дакар: Прајс ја освои титулата кај моторите

Наум Локоски