Најдобриот фудбалер во историјата на Рома, Франческо Тоти, сега спортски директор на клубот, одлучи да се запише на курс за тренери.
Легендарниот капитен на „римската волчица“ сака да има повеќе опции по завршувањето на играчката кариера и планира да посетува тренерска школа, објавија италијанските медиуми.
Тоти одигра 25 сезони за матичниот клуб, постави низа рекорди меѓу кои и по најмногу одиграни натпревари (786) и најмногу постигнати голови (307).
Со Рома освои еден шампионски трофеј во Серија А, два Суперкупа и два трофеи во Купот на Италија.