Српската атлетичарка Ангелина Топиќ направи вистинско чудо во Париз. Таа се пласираше во финалето во скок во височина и покрај непријатната повреда која ја заработи на загревањето пред самиот старт на натпреварувањето.
Да потсетиме, на загревањето Анџелина незгодно слета и го исчаши скочниот зглоб на десната нога. Веднаш се виде дека повредата не е нималку наивна и дека нејзиниот настап во квалификациите е голем знак прашалник. Меѓутоа, откако и помогнале, таа стиснала заби и решила да се натпреварува и покрај болката што ја чувствувала.
Таа не сакаше да се откаже без борба. Очигледно беше дека повредата остави сериозна трага, дека се обидува да ја олесни повредената нога при трчање, дека постојано размислува за повредениот зглоб и дека не може да се фокусира на самиот скок.
Се трудеше максимално, даде се и на крајот беше наградена за храброста и трудот, иако не успеа да ја прескокне шипката на 195 сантиметри.
Таа ја прескокна шипката на 188 и 192 сантиметри, но не успеа на 195 и заплака по третиот обид. Во тој момент таа не беше свесна дека резултатот што веќе го постигна е доволен за финале.