Легендарниот квотербек Том Брејди по 22 години и со рекордни седум титули ја завршува кариерата објавина неколку влијателни американски медиуми.
Tom Brady is retiring from football after 22 extraordinary seasons, multiple sources tell @JeffDarlington and me.
More coming on https://t.co/rDZaVFhcDQ. pic.twitter.com/6CHWmMlyXg
— Adam Schefter (@AdamSchefter) January 29, 2022
Брејди е најголемото име и икона на НФЛ, најдобриот квотербек во историјата на овој спорт и поразот со неговите Тампа беј Буканерс против ЛА Ремс е последниот негов меч во кариерата, па според информациите на угледната спортска мрежа, тој сега се подготвува да го озваничи неговото заминување во пензија.
Според информациите, одлуката за пензија ја донел врз база на неколку фактори, а пред сѐ желбата за повеќе време да биде со семејството и од здравствен аспект, но и фактот дека Буканерс за следната сезона планираат сериозна реконструкција на ростерот. Наскоро се очекува тој освен официјализација на пензионирањето, да ги објави своите планови после играчката кариера.
Тој е поранешен играч на Њу Ингланд Патриотс.