Претходните недели Лионел Меси беше во центарот на вниманието поради телохранителот кој оди секаде со него, а сега е јасно дека тоа е Јасин Чеук, поранешен ММА борец.
Откако Лионел Меси пристигна во Америка, поточно МЛС каде игра за Интер од Мајами, луѓето почнаа да забележуваат до него човек кој никогаш претходно не му правел друштво! Господинот со избричена глава и долга црна брада се претвори во сенка на Лео Меси и го следи речиси на секој чекор – се грижи за него кога наоколу има навивачи на неговиот или на противничкиот тим, а се вели дека е со Аргентинецот и кога Меси не е во близина на фудбалски стадиони.
Who's Messi's bodyguard – The man follows Messi everywhere #Messi #FYP #Argentina #InterMiamiCF pic.twitter.com/s5yoAQhUKV
— [email protected] (@salessharrif) August 11, 2023
Станува збор за поранешен ММА борец, кој ја оставил својата кариера на страна за да се посвети на новата работа – заштита на Лионел Меси! Јасин Чеук тренира цел живот и неговото извајано тело е доказ за тоа, а една од адутите што го привлече да ја запостави кариерата во боречки вештини во корист на безбедноста на Аргентинецот е неговата плата – тој заработува дури 230.000 евра по месец!
Според информациите кои доаѓаат од САД, сумата не ја плаќа најдобриот фудбалер на сите времиња, туку Дејвид Бекам. Легендарниот англиски фудбалер е сопственик на Интер од Мајами, а оваа сезона дел од парите ги троши на Јасин кој се грижи за безбедноста на првата ѕвезда на тимот. Како дел од договорот кој трае се додека Меси е во Мајами, Јасин засега не смее да „покажува“ фотографии со најдобриот играч на сите времиња на социјалните мрежи, што максимално ги почитува.
Како и Дејвид Бекам, најважно за Јасин е Лионел Меси да е безбеден. Тоа се одразува на неговите движења секогаш кога Меси е во центарот на вниманието – секогаш е неговата „сенка“, човекот кој се грижи да не се случи ништо неочекувано. Многумина го забележаа и за време на натпреварите во МЛС – кога оди покрај теренот како лав во кафез, подготвен да истрча на теренот при најмал знак на непријатност и да го заштити својот клиент.