Струмица и Радовиш домаќини на Југоисточниот Европски шампионат во спортска ориентација

Од:

Во Радовиш и Струмица од утре до 11 септември ќе биде одржан шестиот Југоисточен Европски шампионат во спортска ориентација на кој ќе учествуваат околу 500 натпреварувачи од Македонија и од 12 европски држави.

Шампионатот стартува со спринт трката што ќе се одржи во Радовиш на 8 септември на Денот на независноста, а свеченото отворање ќе биде на градскиот плоштад „Гоце Делчев“ во Струмица.

На 9 септември натпреварувачите ќе тргнат на месноста „Суви лаки“ на планината Огражден каде ќе трчаат долга патека, а на 10 и 11 септември шампионатот се сели на локалитетот „Бел камен“ на планината Плачковица во Радовиш каде што учесниците на ова европско натпреварување ќе трчаат средна патека и штафетата.

На Шампионатот ќе учествуваат селекциите на Србија, Босна, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Грција , Албанија, Бугарија, Молдавија, Романија, Турција и Северен Кипар.

Шампионатот ќе се одржи под мотото „Спортската ориентација не познава граници“ бидејќи, како што информираат организаторите, во овој спорт може да се вклучат сите и млади и стари и професионалци и рекреативци што го овозможува спојот на трчање и пронаоѓање контролни точки со помош на топографска карта и компас.

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Почина млад српски кошаркар (15)

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ

Здружението на Ѓоковиќ за Синер: „Пристрасноста е неприфатлива“