Стојанов и Велкоски победници на шаховскиот турнир во чест на Блаже Конески

Од:

Младиот 16-годишен охриѓанец Стојан Велкоски и Бугаринот Стојан Стојанов (18) се победници на турнирите што во чест на првиот претседател на Шаховскиот сојуз на Македонија, академик, поет, писател и кодификатор на македонскиот современ литературен јазик Блаже Конески се одржа во Скопје.

На Б турнирот кој се играше до фиде рејтинг 1.800, Велкоски го освои првото место со 6,5 поени од седум партии, додека на А турнирот кој се играше до 2200 рејтинг, Стојанов имаше максимален ефект од седум победи.

Во услови на пандемија на двата турнири настапија 108 играчи на древната игра.

-Се покажува дека ваквиот тип на шаховски турнири се привлечни како за помладите, така и за играчите во поодминати години и претставуваат убав спој на талентот и искуството, соопшти Шаховската федерација на Македонија.

Би можело да ве интересира

Зимски јуниорски шаховски камп на Ш.К. Алкалоид, Кирил Николовски на делба на второ место во Параќин

ВМ Трајко Недев: Наградите ќе ги донирам за развој на младинскиот шах

Шаховското дерби на Алкалоид и САД со многу заплети до нерешен резултат

Алкалоид ја освои втората победа, следува мегдан со најдобрите

Алкалоид го започна Светското екипно првенство со убедлива победа

ШК Алкалоид со двојна круна на Екипните шампионати на Македонија за 2023 година ја потврди доминацијата во шахот