Стоилов ја завршува репрезентативната кариера: Ми беше чест што 15 години играв за Македонија

Од:

Сакам да објавам крај на репрезентативната кариера рече Столе Стоилов на прес конференцијата по натпреварот на македонската ракометна репрезентација и победата над Чешка која донесе пласман на Светското првнество.

„Ми беше чест што овие 15 години бев дел од репрезентацијата. Играв со големи играчи како Лазаров кој за мене секогаш ќе биде „капитенот“ како и Миркуловски кој го остави здравјето за репрезентацијата. Направиме големи работи, но јас морам веќе да се простам, моето тело веќе не може да издржи. Да не бев сигурен дека ќе можат без мене немаше да се повлекувам, но сигурен сум дека можат. Време е да се ослободат од мене и помладите да добијат повеќе простор“ – рече легендарниот пикер на македонската репрезентација.

„Жал ми е што се повлекуваат Стоилов и Миркуловски, Столе би е потребен, но ќе ја почитувам неговата одлука“ – рече Лазаров со солзи во очите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Галевски и фати пенал на Франција, ИХФ го стави во одбрано друштво

А1он

Митев: Со Катар одевме на се или ништо, ќе пробаме да ја изненадиме Франција

А1он

Лазаров по триумфот над Катар на СП2025: Верувам во оваа репрезентација

А1он

Митев: По овој бод со Австрија, одиме на победа со Катар

А1он

Македонија во последната секунда дојде до бод против Австрија на СП 2025

А1он

Македонските ракометари против Австрија ја отвораат Главната фаза на СП