Стартуваше релито „Дакар“: Сандерленд и Ал Атијах најдобри на првата етапа

Од:

Вчера започна 40. издание на најпознатото светско рели „Дакар“, кое што оваа година се вози во Перу, Боливија и Аргентина.

Првата етапа се возеше од Лима до Писко, а кај мотоциклистите победи бранителот на титулата, Британиецот Сем Сандерленд со својот мотор КТМ. Етапата од 242 километри тој ја мина за 33 секунди побрзо од Французинот Адриен Ван Беверли на Јамаха, додека трет со 56 секунди заостанување зад Сандерленд беше Пабло Кунтиња од Чиле.

Кај автомобилите најдобри беа Насер Ал Атијах од Катар и Бернард Тен Бринке од Холандија од тимот на Тојота.

Шампионот од минатата година Стефан Петерхансел со своето Пежо заостана две минути и 15 секунди и етапата ја заврши на 11 место.

Првата етапа не ја завршија четири автомобили од вкупно 92 кои стартуваа, додека кај мотоциклистите тројца не стигнаа до целта.

Би можело да ве интересира

Дакар 2022 година: Петерансел заостанува 23 часа од водечките по несреќата во првата етапа

Ана Ололовска

ВИДЕО: Претстојниот викенд започнува релито „Дакар“, првиот голем спортски настан во 2021

Ана Ололовска

Сајнц го освои „Дакар“ по трет пат, Американец влезе во историја кај мотоциклите

Ана Ололовска

Мотоциклист почина на релито „Дакар“

Ана Ололовска

Карлос Сајнц: Алонсо сака да учествува на рели Дакар

Ана Ололовска

Рели Дакар: Прајс ја освои титулата кај моторите

Наум Локоски