Со натпреварот меѓу Мотор и Чеховски Медведи што се игра вечерва од групата Д, стартува новата сезона од ракометната Лига на шампионите, каде шампионската титула ја брани македонскиот првак Вардар.
Во Лигата на шампионите ниту една екипа не успеала да ја одбрани титулата откако од 2010 година завршниот турнир се игра во Келн.
Покрај тој дуел денеска се игра и натпреварот меѓу Кадетен Шафхаузен и Елверум (Ц група).
Вардар првиот натпревар во рамките на групата А го игра в недела на гости во Полска против екипата на Висла.
Вториот македонски тим во тоа натпреварување Металург, во првото коло гостува кај француската екипа Монпеље. Тој дуел се игра в сабота.