Стартува Moto GP сезоната, Лоренцо ја брани титулата

Од:

Утре во Катар ќе стартува новата сезона во светското првенство во Мото ГП шампионатот.

Според прогнозите за титулата ќе се борат возачи на два тима Јамаха и Репсол Хонда. Шпанецот Хорхе Лоренцо ја брани титулата, а тимски колега во Јамаха ќе му биде Валентино Роси.

Легендарниот Роси, по две исклучително неуспешни години во Дукати се врати во екипата во која се прослави. Иако многумина се скептици дека Италијанецот може да ги повтори резултатите, тој никако не смее да се отпише од борбата за титулата.

Лоренцо беше најбрз на тренинзите пред трката во Катар, а вљубениците во мото спортот со нетрпение го очекуваа дебито во Мото ГП на Марко Маркез, човекот кој го наследи Кејси Стонер во Хонда, инаку Стонер по завршувањето на минатата сезона се прости од активно возење.

Маркез со само 20 години ќе биде најмладиот возач во кралската класа, тој минатата сезона ја освои шампионската титула во Мото 2 првенството. Тимски колега на Маркез ќе му биде сонародникот Дани Педроса, минатогодишниот вицепрвак.

Би можело да ве интересира

Мото ГП: Бањаја ја освои ГН на Сан Марино

Ана Ололовска

„Мравката“ повторно ита по патеките – Маркез се врати по осум месеци рехабилитација

Жарко Настоски

Валентино Роси ќе ја вози 20. сезона во Мото ГП

Ана Ололовска

Зарко легнува „под нож“ по бруталната несреќа во Австрија

Ана Ололовска

Мото ГП трки оваа сезона ќе се возат само во Европа

Жарко Настоски

Маркез: Целта е да се опоравам што е можно поскоро, за титулата – после тоа

Ана Ололовска