Старт на училишните лиги во Карпош

Од:

Во Општина Карпош денеска официјално беа отворени спортските училишни лиги во одбојка, фудбал, кошарка, шах и ракомет за учебната 2016/2017 година.

Градоначалникот на Општината Стевчо Јакимовски потсети на наградите кои победниците ќе ги добијат, како и добивките со коишто ќе се здобијат со постигнувањата во спортските лиги.

– Изминатите години сите првопласирани и второпласирани беа наградени со патики, тренерки и севкупно со спортска опрема, како и со парична награда, а исто така беа наградени и со седумневен одмор во Тиват. Оваа година наградата останува со тоа што оваа година седумдневниот одмор ќе биде во Грција, рече Јакимовски.

Тој најави изградба на нова спортска сала во рамките на ООУ „Лазо Трповски“, во која ќе се играат и натпревари на спортски клубови кои се наоѓаат на територија на Општина Карпош. Во состав на спортската сала, првиот човек на Општината, најави и базен за потребите на учениците од прво до девето одделение во рамките на часовите по физичко воспитување.

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Почина млад српски кошаркар (15)

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ

Здружението на Ѓоковиќ за Синер: „Пристрасноста е неприфатлива“