Стаменковски единствен Македонец на Светското првенство во кревање тегови

Од:

Повеќекратниот шампион во „Power lifting“ во дисциплината бенч-прес, Бошко Стаменковски од Македонска Каменица е претставник на Македонија на Светското првенство кое од 16 до 23 септември се одржува во градот Егер, Унгарија.

Како што не информираше државниот рекордер по златни медали, неговиот настап е на 22 септември, а на истиот ќе му претходи мерење а потоа и натпреварот во категоријата до 75 килограми.

– Се чувствувам добро физички и психички подготвен да ги повторам резултатите од минатото. На ова натпреварување се пријавив во дисциплината бенч-прес до 75 килограми, дисциплина во која во зависност од пријавените кандидати очекувам потврда на мојата добра форма и освојување на нов медал, изјави Стаменковски.

Стаменковски пред една недела учествуваше на Интернационалното натпреварување во „STRET WORKOUT“ кое се одржа во Пула, во чии рамки во дисциплината „Pull Up“ кој го освои златниот медал.

Би можело да ве интересира

ИОК може да го исклучи кревањето тегови од Олимпијадата во 2024 година

Ана Ололовска

ВИДЕО: Хафтор Бјорнсон подигна тег од 501 килограм

Ана Ололовска

Стаменковски со златен медал во пауер-лифтинг се враќа од Атланта

Ана Ололовска

Алексеј Ловчев нов светски рекордер со 264 и 475 килограми

Емир Латифовиќ

Трикратниот светски шампион во дигање тегови позитивен на допинг тест

Ана Ололовска