Ватерполистите на Србија се пласираа во полуфиналето на Олимписките игри во Париз, откако по огромна драма ја совладаа Грција со 12:11.
Србија не блесна во групата Б. Делфините доживеаја три порази, од Шпанија, Унгарија и шокантно од Австралија, но благодарение на триумфите против Франција и Јапонија, од четвртата позиција се пласираа меѓу осумте најдобри.