Србија има медал во Париз: Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Олимписките игри

Од:

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Олимписките игри во Париз победувајќи го Лоренцо Музети од Италија со 2:0 во сетови.

Во третиот гем од првиот сет Италијанецот стигна до брејк топка која не ја искористи, а во четвртиот Ѓоковиќ имаше четири кои исто така не ги искористи, па Музети го израмни резултатот, беше 2:2.

Немаше брејк до десеттиот гем кога Ѓоковиќ ја искористи првата брејк топка откако врза пет последователни поени и поведе со 1:0 во сетови.

Музети со брејк го отвори вториот сет, но Ѓоковиќ се врати веќе во следниот гем и израмни на 1:1. После тоа Италијанецот повторно му го одзеде сервисот на српскиот тенисер, но Ѓоковиќ се врати во четвртиот гем и израмни на 2:2.

Во шестиот гем ја искористи третата брејк топка и поведе со 4:2, а во осмиот гем искористи уште една брејк шанса и се пласираше во финалето.

Таму го чека Карлос Алкараз, кој денеска со 2:0 во сетови го победи Канаѓанецот Феликс Огер-Алиасиме, кој ќе игра со Музети во мечот за третото место.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ објави доказ: За сите експерти во спортски повреди

А1он

Синер го брани Новак од неговиот претседател

А1он

Бинаги: „Голем пад за Ѓоковиќ“

А1он

„Тоа не треба да ме прашувате за Новак“: Францускиот тенисер изненададен

А1он

Усташки симбол преку лицето на Новак Ѓоковиќ

А1он

ВИДЕО: Се појави видеото од водителот кој го навреди Ѓоковиќ и српските навивачи