Спортско-рекреативна манифестација „Жонгларија-Лоптарија“ за најмладите во Охрид

Од:

Повеќе од 150 ученици од осумте охридски основни училишта и најмладите згрижени во детската градинка „Јасна Ристеска“ учествуваат на спортско-рекреативниот настан „Жонгларија – Лоптарија“ што за прв пат се одржува во Охрид.

На манифестацијата организирана од „Медиа спорт“ од Словенија, а под покровителство на Општина Охрид младите ќе се дружат преку спортски игри, развивајќи го спортскиот дух и градење здрави животни навики.

Градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски на учениците им порача да уживаат, да се забавуваат и максимално да се вложуваат во секој натпревар во кој ќе учествуваат.

– Научете дека спортот е игра,резултатот е битен но сепак дружењето е најбитно. Нека победи најдобриот во коректните и фер игри, а ние како општина Охрид во рамки на своите надлежности секогаш ќе се трудиме да подржуваме вакви и слични спортски случувања кои се битни за сите нас, рече Стојаноски.

На настанот се обрати и амбасадорот на Словенија во Македонија, Милан Јазбец кој упати неколку пораки до учесниците во спортските натпревари.

– Запомнете, сите ние сме деца, вие млади, а ние повозрасни. Секој кој во себе носи младешки дух ќе биде успешен независно возраста. Фер-плеј играта има кружна форма како топката. Некогаш сте горе, а некогаш долу во тој круг. Но, не заборавајте секогаш максимално да се трудите не зависно на која позиција сте, затоа што на крај ќе бидете дарувани со успех. Не заборавајте го она што денес се случува овде. Вие сте нашата иднина и гордост, истакна Јазбец.

Учесниците на манифестацијата „Жонгларија – Лоптарија“ ќе се натпреваруваат во играње фудбал (три на три), игра на вештини и квиз на знаење. Спортско-рекреативниот настан оваа година покрај во Македонија се одржува уште и во Словенија, Црна Гора, Италија, Австрија, Унгарија, Хрватска и Србија.

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Почина млад српски кошаркар (15)

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ

Здружението на Ѓоковиќ за Синер: „Пристрасноста е неприфатлива“