Спортски викенд Илинден 2017 „Ние навиваме за Македонија“

Од:

По повод одбележувањето на патронатот на Општина Илинден и националниот празник на македонскиот народ „Илинден 2-ри Август, на 22 јули (сабота) и 23 јули (недела) 2017 година, под мотото „Ние навиваме за Македонија“ по 9-ти пат ќе се одржи Спортски викенд „Илинден 2017“.

На оваа традиционална спортска манифестација ќе учествуваат над 700 спортисти кои ќе се натпреваруваат во повеќе спортови: велосипедизам, шах, баскет, тенис, атлетика -трчање, хокеј и голем фудбал.

Централен настан на Спортскиот викенд е професионалната велосипедска трка во должина од 100 километри „Трофеј Илинден 2017” која што е влезена во календарот на велосипедски трки на Велосипедската федерација на Македонија и се бодува за купот на нашата земја. Велосипедската трка „Трофеј Илинден 2017” има интернационален карактер бидејќи на неа настапуваат велосипедисти од повеќе држави.

Стартот на трката е закажан за 23 јули (недела) во 16:00 часот пред Спортската сала „Гоце Делчев“, каде што е и целта, а ќе се возат 4 круга низ населените места на Општина Илинден: Илинден, Марино, Ајватовци, Мршевци, Дељадровци, Текија, Миладиновци и Кадино. Патеката е кружна, а должината на еден круг е 25 километри.

Градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски како покровителот на Спортскиот викенд „Илинден 2017“, на најдобрите екипи и поединци ќе им додели соодветни награди, пехари, медали, маици…

Би можело да ве интересира

Влаховиќ си заминува од Јувентус

А1он

Ѓоковиќ објави доказ: За сите експерти во спортски повреди

А1он

Синер го брани Новак од неговиот претседател

А1он

Бинаги: „Голем пад за Ѓоковиќ“

А1он

Почина Дражен Далипагиќ

А1он

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето