Спортски камп во Струга за децата од дијаспората од 5 до 10 август

Од:

Агенцијата за иселеништво, првпат од своето постоење, од 5 до 10 август организира Спортски камп во Струга, наменет за децата од дијаспората. Основната цел за реализација на овој Спортски камп е пред се промоција на земјата пред децата на иселениците и запознавање со нивната татковина и мајчиниот јазик, како и поттикнување на истите за здрав живот и спортска активност уште од најраната возраст.

-Децата ќе имаат можност да се стекнат со теоретски и практични искуства и знаења, поврзани со кошарката, ракометот и фудбалот, да другаруваат со професионалните спортисти од женскиот кошаркарски клуб „Струга“, женскиот ракометен клуб „Стружанка“ и фудбалскиот клуб „Караорман“ и да се стекнат со знаења за здрава исхрана, пренесена од страна на професионални нутриционисти, велат од Агенцијата.

Оттаму соопштуваат дека и во иднина ќе продолжат со реализацијата на проекти кои се во интерес на иселениците во дијаспората.

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Почина млад српски кошаркар (15)

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ

Здружението на Ѓоковиќ за Синер: „Пристрасноста е неприфатлива“