„Спортот и семејните вредности“ по втор пат во СЦ „Борис Трајковски”

Од:

По втор пат СЦ „Борис Трајковски“ ќе биде домаќин на манифестацијата „Спортот и семејните вредности”, проект во Агенцијата за млади и спорт, во соработка со спортскиот центар и Сојузот на спортски федерации на Македонија.

На манифестацијата што ќе се одржи денеска напладне од 12 часот, на едно место ќе соберат познати спортисти, културни умeтници и граѓани со една и единствена цел да го промовира спортот преку семејните вредности, а низ ревијални спортски натпревари ќе имаат можност да се дружат, спортуваат и забавуваат со своите најблиски.

– Идејата на проектот е да овозможиме пред сè дружење и забава за целото семејство преку рекреативни и друштвени игри во кои сите ќе бидат „победници”, а ќе нема поразени. Очекуваме масовна посетеност во сабота, со што ќе овозможиме покрај забавата и дружењето, дечињата одблизу да ја почуствуваат атмосферата во Вип Арената СЦ Борис Трајковски во која се испишани најголемите спортски, репрезентативни и клубски успеси и со тоа да ги насочиме кон спорт и здрав начин на живот”, изјави Златко Перински, директор на „СЦ Борис Трајковски”.

На настанот предвидени се десет спортски и друштвени игри кои ќе бидат промовирани од нашите познати и врвни спортисти. За сите учесници предвидени се симболични спортски награди.

– Промоцијата и воздигнувањето на спортот, негувањето на семејните вредности и мотивирањето на граѓаните за што почесто спортување и спортско дружење со своите семејства е една од главните причини за реализација на овој проект. Убеден сум дека на ваков начин ќе придонесеме за подигнување на свеста за водење на спортски и здрав начин на живот од една страна, но и за одржување на семејните врски и вредности преку спортските активности, потенцираше директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески.

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Почина млад српски кошаркар (15)

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ

Здружението на Ѓоковиќ за Синер: „Пристрасноста е неприфатлива“