Српскиот фудбалски ас Синиша Михајловиќ ја загуби битката со леукемијата на 53 години. Оваа вест го потресе светот, а секако најтешко му е на најблиското семејство кое го загуби својот сопруг и татко.
Сопругата Аријана по тешката ноќ упати трогателна порака на Инстаграм.
„Кога веќе нема да бидеш дел од мене, ќе отсечам многу мали ѕвезди од сеќавањето, тогаш небото ќе биде толку убаво што цел свет ќе се заљуби во ноќта“, напиша таа на Инстаграм.