Словенецот Славко Винчиќ ќе ги смирува страстите на турското фудбалско дерби Галатасарај – Фенербахче

Од:

Словенечкиот фудбалски судија Славко Винчиќ ќе биде главен арбитар на претстојниот натпревар од турската лига меѓу Галатасарај и Фенербахче.

Помошници на Винчиќ ќе бидат Томаж Кланчник и Андраж Ковачиќ, додека четврти судија на натпреварот ќе биде Кадир Саглам, објави денеска „Би-Би-Си“.

Галатасарај во понеделник од 18:00 часот во Истанбул го пречекува градскиот ривал Фенербахче во рамките на 25. коло од турската лига.

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Турција, Ибрахим Хачиосманоглу, во средата изјави дека „судија од светска класа ќе го суди дербито“, дека „преписката е извршена“ и дека „добиени се потврди“.

Галатасарај е прв на табелата со 63 бодови, шест повеќе од второпласираниот Фенербахче.

Винчиќ беше судија на финалето од Лигата на шампионите минатата сезона помеѓу Реал Мадрид и Борусија Дортмунд, додека во 2022 година го судеше финалето на Лига Европа помеѓу Ајнтрахт Франкфурт и Ренџерс.

Би можело да ве интересира

Галатасарај го обвини Мурињо за расизам, најавија и кривична постапка

А1он

Фенер му го раскинаа договорот на Озил, тој веднаш потпиша за Башакшехир