Словенецот Шешко и официјално е играч на Манчестер Јунајтед

Од:

Словенецот Бенјамин Шешко е нов играч на Манчестер Јунајтед, соопшти трофејниот англиски клуб.

22-годишниот фудбалер потпиша договор до 2030 година, а трансферот е вреден 76,5 милиони евра и дополнителни 8,5 во бонуси.

Историјата на Манчестер Јунајтед е посебна, но мене ме возбудува иднината. Кога зборувавме за проектот беше јасно дека имаат за цел овој тим да се надоградува и да расте и повторно да бидеме во борба за пехари. Сакам да го достигнам својот максимум и да ги исполнам сите свои желби – изјави Шешко за официјалниот сајт на клубот.

Словенецот претходната сезона за бундеслигашот Лајпциг на 45 натпревари постигна 21 гол.

Јунајтед ова лето потроши 150 милиони евра за Матеус Куња и Брајан Мбуено.

Би можело да ве интересира

Нико Ковач – кандидат за менаџер на Манчестер Јунајтед

А1он

(ВИДЕО) Манчестер е „црвен“ – Јунајтед го победи Сити во дебито на Карик на клупата

А1он

Манчестер Јунајтед го објави името на новиот менаџер

А1он

Манчестер Јунајтед се враќа 111 години наназад

А1он

Манчестер Јунајтед го отпушти Аморим по слабите резултати

Нејмар се сели во Премиерлигата – станува „ѓавол“?

А1он