Скопје подготвено за Светското воено првенство во борење

Од:

Македонија од 19 до 25 септември е домаќин на 31. Светско воено првенство во борење на кое ќе учествуваат над 400 спортисти од 32 земји од четири континенти.

– Ова е најголемиот спортски настан годинава и ние сме целосно подготвени. Очекуваме врвни резултати како од учесниците од земјите, така и од претставниците на Република Македонија, истакна државниот секретар во Министерството за одбрана, Елизабета Чуповска Ристова, која е и претседател на Организацискиот одбор на првенството, на денешната прес-конференција во ВИП Арената „СЦ Борис Трајковски“.

Таа нагласи дека реализацијата и организацијата на Светското воено првенство во борење е доказ дека Министерството за одбрана и АРМ се посветени на развојот и негувањето на спортот на припадниците на АРМ.

Македонија, посочи, има голема традиција во овој спорт и затоа сме задоволни што ни се укажа можноста да бидеме домаќини на ова светско натпреварување.

Заменик-началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Мухамет Рацај додаде дека спортските активности се од голема важност за одржување на здравјето и подобрување на индивидуалната физичка подготвеност и издржливост во армиите.

– Овие натпревари се и прилика за стекнување на нови пријателства, како и за продлабочување на меѓусебното почитување и соработка, рече генералот Рацај.

Техничкиот директор на Светското првенство, Трајче Димков, информираше дека иако станува збор за воено првенство, важат сите правила и прописи на Светската борачка федерација. Тој додаде дека натпреварите ќе се одржат во Вип Арената и Вип мала сала кои се наоѓаат во комплексот на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ и дека на првенството ќе бидат застапени два стила: слободен и грчко-римски.

За квалитетот на военото првенство говори и фактот дека 19 натпреварувачи биле дел и од олимписките игри во Рио, годинава, а неколкумина се и носители на златни медали од олимписките игри и светските првенства. Република Македонија ќе биде претставена од 18 припадници на Армијата, а дополнително од земјата учество ќе земат и три судии и два тренера.

Би можело да ве интересира

Промовирани монографијата и документарниот филм „Македонскиот сон – Ние сме светски шампиони“

Ана Ололовска

Промоција на монографија и документарец „Македонскиот сон: „Ние сме светски шампиони“ посветени на БК „Бучим- Јака“

Ана Ололовска

Утре во Струмица почнува 45. издание на боречкиот турнир „Македонски бисер“

Ана Ололовска

Македонските репрезентативци во граплинг четврти на турнир во Србија

Ана Ололовска

Љуљзим Вранези добитник на наградата „8. Септември“ за животно дело

Ана Ололовска

Велес ќе биде домаќин на Меѓународен турнир во мешани боречки спортови ММА

Ана Ололовска