Сити извлече само бод против Њукасл

Од:

Фудбалерите на Манчестер Сити ремизираа со екипата на Њукасл со 1:1, во шестото коло од англиската Премиер лига.

„Страчките“ на тој начин ја продолжија серијата без пораз на домашен терен, која датира од јануари и претходниот меч со Граѓаните кога гостите победија со 3:2.

Оттогаш, Њукасл е без пораз, вклучувајќи го и овој, на вкупно 14 првенствени натпревари во сите натпреварувања.

Во 35. минута, Џек Грилиш го проигра Јошко Гвардиола, кој одлично се снајде во шеснаесетникот и ја испрати топката во мрежата.

Но, свои прилики имаше и Њукасл кои на крајот ги крунисаа со гол во 57. минута, но не од игра, туку од белата точка.

Тогаш Едерсон задоцни на стартот на ривалот, а Ентони Гордон успеа да реализира пенал и да ја испрати топката на едната, а Едерсон на другата страна.

Граѓаните барем засега остануваат на првото место со 14 бодови, но постои и одредена веројатност да им го отстапат местото на Ливерпул или Арсенал, кои имаат по два бода помалку, а допрва треба да ги одиграат натпреварите.

Од друга страна, Њукасл остана на петтото место, со 11 освоени бодови.

Би можело да ве интересира

Гвардиола пред мечот со Реал: Имаме еден процент шанса да поминеме

А1он

Фудбалерите на Манчестер Сити го победија Лејтон Ориент во ФА Купот

(ВИДЕО) Избувна пожар пред стадионот на Манчестер Сити

Горан Наумовски

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Шокантен трансфер во најава, од Сити во Јунајтед

А1он

Манчестер Сити го совладаа тимот на Лестер на гостински терен со 2:0