Вториот тенисер во светот, Италијанецот Јаник Синер, се пласираше во осминафиналето на Отвореното првенство на Австралија, откако денес во Мелбурн, по четири сета, го победи 85-от светски тенисер, Американецот Елиот Спичири, во третото коло, со резултат 4:6, 6:3, 6:4, 6:4.
Натпреварот траеше три часа и 42 минути.
Синер осум пати го зеде сервисот на американскиот тенисер, додека Спичири освои шест брејка.
Италијанскиот тенисер запиша 17 аса, додека Спичири освои шест поени директно од сервис.
Синер, кој ја брани титулата на Австралија Опен, ќе игра во осминафиналето против својот сонародник, 25-от тенисер во светот, Лусијан Дардери, кој го победи 18-от тенисер во светот, Русинот Карен Качанов, во третото коло по четири сета, 7:6, 3:6, 6:3, 6:4.
Мечот меѓу Дардери и Качанов траеше три часа и 26 минути.
Петтиот тенисер во светот, Италијанецот Лоренцо Мусети, се пласираше во осминафиналето, откако во третото коло по пет сета го победи 24-тиот играч во светот, Чехот Томаш Махач, со 5:7, 6:4, 6:2, 5:7, 6:2.
Мечот траеше четири часа и 25 минути.
Во осминафиналето, Мусети ќе игра против победникот од дуелот помеѓу деветтиот рангиран тенисер во светот, Американецот Тејлор Фриц, и 139-тиот рангиран играч во светот, Швајцарецот Стен Вавринка.
Американецот Бен Шелтон, седмиот рангиран тенисер во светот, се квалификуваше во осминафиналето, откако го победи 31-виот рангиран играч во светот, Валентин Вахро од Монако, во третото коло по три сета, со 6:4, 6:4, 7:6.
Во осминафиналето, Шелтон ќе игра против победникот од дуелот помеѓу 13-тиот играч во светот, Норвежанецот Каспер Руд, и 70-тиот играч во светот, Хрватот Марин Чилиќ.