Сиљановска-Давкова ги додели наградите на победниците на 39. Охридски пливачки маратон

Од:

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на покровителка, им ги додели наградите на победниците на 39. Охридски пливачки маратон.

На оваа престижна меѓународна спортска манифестација, којашто по 39-ти пат се одржа во Охрид, победничка во женска конкуренција и добитничка на ловоровиот венец беше аргентинката Мајте Ален Пука, а првото место и ловоровиот венец во машка конкуренција го освои Алесио Окипинти од Италија. Трет на целта стигна 17-годишниот Македонец, Петар Цеков, во чии раце отиде бронзениот медал.

Сиљановска-Давкова им честиташе на победниците и на сите учесници на маратонот, изразувајќи им признание за издржливоста, посветеноста и спортскиот дух и посакувајќи им добро здравје и нови спортски успеси.

На патеката „Климе Савин“, долга 25 километри од Свети Наум до Охридското пристаниште, годинава се натпреваруваа 16 пливачи од осум држави: 11 во машка и 5 во женска конкуренција, меѓу кои четворица македонски натпреварувачи.

Би можело да ве интересира

Прво издание на ноќната урбана трка „Центар најт ран“

ВИДЕО: Дончиќ „полуде“: Како Мајкл Џордан и Вилт Чемберлен

Најава за враќањето на Роналдињо на терените: „Магијата никогаш не исчезна, се враќа на 15 ноември“

Предраг Петровиќ

Петмина маскирани и вооружени мажи упаднаа во домот на шпанскиот голман додека вечераше со семејството

Роналдо без милост кон водителот: „Кажи му на тој да престане со ботокс, изгледа како јаболко“

Монако згасна! Клубот престанува со работа по 12 години успешна приказна