Германскиот фудбалски репрезентативец Бастијан Швајнштајгер го одигра последниот натпревар за својата земја. Тој синоќа во Менхенгладбах со многу емоции стави крај на репрезентативната кариера.
Швајнштајгер на мечот со Финска кој заврши 2:0 за Германија беше повлечен од игра во 68.минута. Тоа беа неговите последни минути во дресот на актуелниот светски шампион.
На церемонијата приредена од германскиот фудбалски сојуз, Швајнштајгер не можеше да ги задржи солзите.
Тој за Германија има одиграни 120 натпревари и постигнато 24 погодоци.